Ненад Димитријевиќ и Хувентуд од петти обид успеаја да дојдат до првата победа во шпанската АЦБ лига. Тимот од Бадалона на домашен терен го совлада Естудијантес со минимални 78-76.

Хувентуд беше во минус до пред самиот крај на третата четвртина, која ја заврши со позитива од четири коша 62-58. Не ја пропушти шансата, дојде и до плус 10 74-64. Гостите пред самиот крај намалија на 77-76, но триумфот остана во Бадалона.

Македонскиот репрезентативец во игра мина нецели 16. минути за кои запиша пет поени и исто толку асистенции.

По петото коло Хувентуд е на претпоследното место на табелата во АЦБ-лигата со скор од една победа и четири порази.