Енди Мареј ја освои титулата на тенискиот тунрир во Антверпен со одличен пресврт против Стен Вавринка во финалниот меч ова попладне. Шкотланѓанецот славеше со 3:6, 6:4, 6:4 и потсети на деновите кога беше еден од најдобрите на АТП ранкингот.

Во првиот сет изгледаше дека Вавринка лесно ќе го реши овој меч во своја полза, откако дојде до прилично лесни 6:3. Големата борба во вториот сет донесе драматична завршница, во која Вавринка не успеа да ја сочува почетната предност. И во третиот сет, Швајцарецот прв дојде до предност на паузата, но Мареј веднаш возврати. И така уште еднаш успеа да дојде до 6:4 и да ја обезбеди титулата.

Победата за Мареј беше исклучително емотивн, така што со солзи во очите го дочека пехарот.