Џудо клубот Сеишин од Прилеп се врати со девет освоени медали од силниот турнир во Црна Гора, „Трофеј Никшиќ-2019“. Прилепчани отпатуваа со 9 натпреварувачи и успеја да се вратат со исто толку одличја во конкуренција на 290 натпреварувачи од 32 клубова од 7 држави (Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Косово, Босна и Херцеговина и домаќинот Црна Гора).

Џудистите на Сеишин освоија 2 златни, 3 сребрени и 4 бронзени медали. До најсјајните одличја дојдоа Валентин Димитриоски во кадетска конкуренција во категорија -90 килограми, како и Јован Најдовски во категоријата +90 кг.