Големото градско дерби меѓу Струмица и Виктори Волеј го обележа стартот на 28. национално одбојкарско првенство во женска конкуренција. Струмица со 3:2 го совлада тимот на Виктори Волеј, по комплетен превсрт.

Најинтересно е што градскиот дуел епитетот дерби го доби не само поради резултатот, туку и поради ривалството што се создаде меѓу овие два струмички клуба откако летово неколку одбојкарки од Виктори Волеј минаа во редовите на дебитантот во најсилното друштво, Струмица.

Со исклучок на оваа средба останатите минаа без поголеми изненадувања. Бранителот на двојната круна, Работнички Скопје беше убедлив во средбата со Универзитет Тетово и на противничките им препуштија само 41 поен. Новоформираниот клуб ЖОК Вардар (лански Работнички жени) исто така лесно го реши дуелот со УГД Студент. Пелистер Волеј имаше сигурен настап против Бами Кор, а три бода и прв сезонски триумф славеше Македонија Макс против Ускана. Во последниот натпревар од 1. коло кој се одигра вечерва во Скопје, Наковски Волеј со 3:1 го совлада Јанта Волеј.

ПРВА ЛИГА ЖЕНИ, 1. КОЛО

Работнички Скопје – Универзитет Тетово 3:0 (25:10, 25:18, 25:13)

Вардар – УГД Студент 3:0 (25:19, 25:22, 25:18)

Струмица – Виктори Волеј 3:2 (19:25, 25:17, 25:9, 18:25, 15:12)

Пелистер Волеј – Бами Кор 3:0 (25:11, 25:17, 25:18)

Македонија Макс – Ускана 3:1 (25:19, 25:16, 21:25, 25:10)

Јанта Волеј – Наковски Волеј 1:3 (25:23, 23:25, 21:25, 24:26)