И покрај тоа што се последни, и покрај тоа што редовно губат, се чини секој ден нешто интересно се случува во ФК Осогово. А денеска било вистинска драма во клубот, а може да се каже дури и скандал. 

Имено како што пишува „komarec.com.mk“, по вчерашниот пораз од Саса на свој терен со 2:5, на двајца играчи на клубот од Кочани, на голманот Јовановски и Коцевски, им било кажано дека тие се слободни и дека може да си ги земат документите. Да ја вратат опремата и да си одат од клубот кој се натпреварува во Втората лига – Исток.

„За нечесни нема место во чесен клуб“, неофицијално дознаваме дека е ова е порака од првите луѓе во клубот. 

По објавата на СПОРТМЕДИА по повод „Фејсбук“ статусот на Венко Крстевски, самиот тој не информираше дека е поранешен член на Осогово.