Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, најверојатно, ќе се врати на тренерското место во шпанскиот фудбалски гигант, шпекулираат дел од шпанските медиуми.

По поразот од Мајорка викендов во Ла Лига, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез одржал нови разговори со Мурињо за можноста за негово враќање во клубот. Мурињо претходно беше на чело на Реал Мадрид од 2010 до 2013 година.

По 9 кола од тековната сезона, „Кралскиот клуб“ го зазема второто место на табелата, еден бод зад лидерот Барселона. Покрај преговорите со Мурињо, Перез има намера да го засили ростерот оваа зима со фудбалерот на Тотенхем, Кристијан Ериксен, а сегашниот тренер Зинедин Зидан инсистира на трансфер на играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба.