Кружниот напаѓач на Металург, Милан Лазаревски нема да патува со А националниот тим во Турција во ЕХФ неделата.

Селекторот Данило Брестовац беше принуден да го изостави поради повреда на скочниот зглоб која претходно ниту репрезентативецот, ниту клубот ја пријавиле.

Така, Македонија ќе има 16 ракометари во составот за контролните дуели со Турција и Италија во Ескишехир.