Дуелот помеѓу Цементарница и ФК Илинден, не го дочека својот крај затоа што беше прекинат во 35. минута. Причината била тепачка на фудбалерите, а делегатот Давор Калиноски, случајот го пријавил во полиција.

„На 20.10.2019 во 15.40 часот во Полициската станица Кисела Вода, Д.К., делегат на фудбалскиот натпревар на игралиштето кај „Цементара“, пријавил дека во 35-тата минута од натпреварот бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу играчите на двете екипи, по што натпреварот бил прекинат. На играчите од гостинската екипа Н.Ѓ.(23) од населба Бутел, Ј.Ц.(24) од населба Илинден и А.М.(34) од населба Илинден им била укажана лекарска помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“, велат од МВР.