Познати се имињата на сите 30 кандидати за годинешната престижна наградата „Златна топка“ која ја доделува Франс Фудбал.

Листата ја сочинуваат Кристијано Роналдо (Јувентус), Алисон (Ливерпул), Матијас де Лихт (Ајакс/Јувентус), Карим Бензема (Реал Мадрид), Џорџино Вајналдум (Ливерпул) и Килијан Мбапе (ПСЖ)…

Португалскиот фудбалер и ѕвезда на Јувентус по 16-ти пат се најде на оваа листа, Бензема се надева дека ќе се најде на подобра позиција од 2014 година, додека пак Де Лихт и Џорџино Вајналдум за првпат се најдоа меѓу потенцјалните добитници на наградата „Златна топка“.

Листата на 30 кандидати може да ја видите на следниот ЛИНК.