Македонскиот одбојкарски репрезентативец, Никола Ѓорѓиев, остана без првиот трофеј во Германија, откако неговиот нов клуб Фридриксхафен со 3:0 (25:20, 25:18, 25:15) загуби од Берлин во Суперкупот.

Во дуелот кој се играше на неутрален терен во Хановер, пред 4.500 гледачи,  Ѓорѓиев и неговите соиграчи за 74 минути го загубија дуелот со актуелниот шампион на Германија.

Нашиот коректор беше стартер на мечот, кој го заврши со 12 поени, а во вториот сет имаше главна улога, но не успеја да му помогне на тимот да дојде до пресврт.