Езџијан Алиоски е во одлична форма. Ова го потврди и менаџерот на Лид, Марсело Биелса, кој за тамошните медиуми потенцира дека македонскиот репрезентативец одиграл два добри натпревари во „црвено-жолтиот“ дрес во рамките на квалификациите за пласман на ЕУРО 2020 година.

Ваквото издание го радува аргентинскиот стратег.

„Го гледав мечот меѓу Македонија и Полска во Варшава, Алиоски одигра одлично, со многу енергија, му требаше време за едно такво издание. Беше на ниво на задачата и во нападот и во одбраната, многу напаѓаше и добро се бранеше, одлично ги спојуваше овие две работи. Алиоски е во формата која ја посакуваме сите, среќен сум што ќе имаме корист од тоа“, рече Биелса.