Златко Далиќ сепак ќе остане селектор на хрватската репрезентација, барем до завршување на циклусот за Европското првенство, откирваат тамошните медиуми.

На неговата адреса минатата година стигна богата понуда од Саудиска Арабија, и тоа од Хилал. Но, Далиќ ги одбил челниците, иако можеше да стане еден од најплатените тренери во светот.

Токму тој потег на хрватскиот селектор е доказ дека засега нема да замине ниту во редовите на најголемиот клуб Ал Итихад.

„Нема причина за паника. Ако одбил многу подобри понуди, нема причина да ја прифати онаа на Ал итихад. Сметам дека Далиќ ќе доби подобри понуди од европски тимови, но тој во моментов зборува само ЕП, тој во Саудиска Арабија може да отиде кога ќе поасака. Тој досега мудро ја градеше својата кариера, не се сомневам дека на мудри потези и во иднина. Тој своето го направи во Русија и може да биде мирен, но тренерската работа секогаш те влече“, изјави за „индекс.хр“, Бранко Иванковиќ, хравтски стратег кој неодамна беше во Саудиска Арабија.