Левото крило на Вардар, Тимур Дибиров е најдобриот стрелец на европскиот првак по пет одиграни кола во групната фаза од новата сезона во Лигата на шампионите со 33 погодоци.

Дибиров со ваквиот учинок е трет стрелец во елитата, а интересно е дека и неговата конкуренција во топ-3 доаѓа од ракометари кои играат на левата крилна позиција. Русинот има ист број на погодоци со крилото на Алборг, Себастијан Бартхолд, додека лидер кај стрелците е ракометарот на ГОГ, Емил Јакобсен со 34 гола.

Доминацијата на левите крила завршува по првите три позиции, со оглед на тоа дека четврти стрелец во моментов во ЛШ е левиот бек на Еурофарм Работник, Владислав Остроушко, кој има постигнато 32 гола.

Најефикасната „петорка“ ја заокружува десното крило на Татран Прешов, Хавиер Муњез Кабезон, кој по пет кола има реализирано 31 погодок.