Францускиот фудбалер Патрис Евра по завршувањето на својата богата кариера во интервју за Скај Спорт откри кој му бил најтежок противник во кариерата.

„Најтешкиот противник против кој сум играл е Џејмс Милнер. Играв и против Меси многу пати и не можам да кажам дека е лесно да се чува, но можев да се носам со него. Тој е опасен кога ќе влезе во средината затоа што тогаш може да се намести и на лева и на десна нога. Додека Џејмс Милнер беше најлош, знаеше да ме исфрустрира. Јас сум напаѓачки ориентиран бек, а тој ме следепе насекаде низ теренот, дури имав и скок дуели со него. Страшно ме фрустрираше. ’Едноставно оди во напад и оставиме на мира’ – си помислував понекогаш“, откри Евра.