Тимур Дибиров нема да биде во составот на руската репрезентација за дуелите во рамките на ЕХФ-неделата. Левото крило на Вардар остана во Скопје на препорака на лекарите, заедно со Сергеј Горбок кој не настапи во дресот на европскиот првак против Веспрем поради повреда.

„Сергеј Горбок и Тимур Дибиров нема да патуваат со нас. На препорака на лекарскиот тим, двајцата мораа да останат во Скопје и целосно да се рехабилитираат во следните две недели“, изјави за руските медиуми селекторот на Русија и главен тренер на Вардар, Сергеј Кокшаров.

Русија ќе патува за Буенос Аирес каде ќе одигра три меча против Аргентина, Шпанија и Полска.