Веќе втора година единственото што му останува на македонскиот, па и европскиот женски ракомет е да зборува и да се сеќава на еден силен македонски првак ЖРК Вардар во кој ѕвезди како Амандин Лејно, Андреа Лекиќ, Јованка Радичевиќ, Мајса Песоа, Ања Алтхаус, Андреа Пенезиќ, Полина Кузњецова… жареа и палеа низ Европа.

Спомените останаа и за нас и за нив, а македонската репрезентативка Сара Ристовска се потсети. Таа на својот Инстаграм профил објави фотографија на која е таа со Лекиќ, Кузњецова и Марија Петровиќ и напиша „Ееее, како фалите…“

Ристовска и Кузњецова имаа шанса да се дружат во Русија, со оглед на тоа дека двете настапуваат во руски екипи додека останатите вардарки се распрскани низ Европа.