Првиот пик на годинешниот НБА драфт, Зион Вилијамсон ќе го почека своето официјално деби во најсилната лига во светот, која започнува ноќва.

Кошаркарот на Њу Орлеанс Пеликанс заработи повреда на коленото во претсезонскиот период и иако првичните прогнози беа десетдневна пауза, сепак деталните прегледи донесоа поинакво сценарио.

Тој мора на операција на менискусот на коленото и го чека одмор од најмалку осум недели и враќање на паркетот во декември. Доколку рехабилитацијата не тече како што треба можно е да заигра дури следната година.

Њу Орлеанс сезоната ја отвора ноќва на гости кај актуелниот НБА шампион, Торонто.