Саудискиот принц, Мухамед бин Салман сака да биде сопственик на Манчестер Јунајтед, но како стојат засега работите тоа нема да му успее ниту за четири и пол милијарди евра.

Фановите на „црвените ѓаволи“ не се задоволни од начинот на кој функционира тимот по заминување на Алекс Фергусон и секако од семејството Глејзер, па често пати на „Олд Трафорд“ може да се слушат нивните апели да заминат. Нема да биде чудо доколку богатите Американци го сторат тоа.

Како што пренесува британски „Мирор“, во следните недели треба да пристигне понуда од саудискиот принц, Мухамед Бин Салман, кој веќе понудил три милијарди долари, но бил одбиен.

„Колку што знам, семејството Глејзер нема намера да го продаде клубот. Неодамна излегоа со долгорочни планови, не постои нова конкретна понуда за купување на Јунајтед“, изјави Ед Вудворд, извршниот претседател на клубот.

Останува да се види како ќе реагираат челниците на Јунајтед по новата понуда од Саудиска Арабија.