Англиските медиуми се чини дека се презаситени од изговорите и резервираниот однос на шпанскиот стратег на клупата на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, кога станува збор за Лигата на шампионите. „Граѓаните“ освоија се што можеше да се освои на домашна сцена во изминатите три сезони, но успехот изостанува кога станува збор за Европа и најсилното клупско натпреварување.

Новинарот на „Гардијан“ Џо Џексон го „нападна“ Гвардиола на денешната прес-конференција во пресрет на новиот дуел во елитата.

„Ако се уште не сте подготвени да ја освоите Лигата на шампионите, кога ќе бидете? Можеби на пролет? Можеби следната година?“ – беше директен новинарот.

„Не знам Џејмс“ – кусо прокоментира Гвардиола, грешејќи му го името, но претставникот на „Гардијан“ нападна со нови прашања:

„Ве прашувам затоа што се вложени многу пати, а вие истото го велите секоја година. Малку ми е чудно да мислам дека Сити не е подготвен да ја освои Лигата на шампионите…“

На ова Пеп се потруди конкретно да одговори:

„Одговорив на ова прашање и прв пат кога дојдов овде. Се уште го имам истото мислење, тоа не е сменето. Ние ќе дадеме се од себе, сакаме да ја освоиме Лигата на шампионите, но не знам кој ќе успееме на крајот. Ако успееме ќе се радуваме сите, но ако не успееме, ќе се обидеме повторно следната сезона. Тоа е сè.“