Денеска и утре ќе се одиграат натпреварите од 3. коло во Лигата на шампионите. Истовремено, ноќта помеѓу вторник и среда во Буенос Ајрес ќе се пресметаат вечните ривали Бока Јуниорс и Ривер Плејт. Се работи за реванш од полуфиналето на Копа Либертадорес. Ривер со една нога е во финалето, но Бока верува во чудо и пресврт…

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – Фаза по групи (3.коло)

ШАХТЈОР

ДИНАМО ЗАГРЕБ

Динамо ја прегази Аталанта во првото и не се избрука против Сити во второто коло. Шахтјор е поквалитетен и сигурно нема да го потцени ривалот. Па затоа нашиот избор е единица, а бројот на голови би требало да биде 2-4.

АТЛЕТИКО МАДРИД

ЛЕВЕРКУЗЕН

Во случај на пораз Леверкузен би можел да заборави на пролет во европската елита  и мора да го нападне Атлетико. А интересно, во ерата на Чоло Симеоне ниту еден германски тим не победил во Мадрид. Веруваме во единица, а можно е и 1&2+.

КЛУБ БРИЖ

ПСЖ

ПСЖ има бројни алтернативи за повредениот Нејмар, додека Клуб Бриж тешко ќе може да го надомести отсуството на капитенот и еден од највлијателните играчи Руди Формер, кој беше исклучен против Реал во претходното коло. Бодовите одат во Париз, а избегнете ги головите.

ГАЛАТАСАРАЈ

РЕАЛ МАДРИД

Се сомневаме дека во Реал си потпевнуваат од среќа што во пресрет на „Ел Класико“ гостуваат во Истанбул, но очајното отварање на сезоната во ЛШ и последното место во групата ќе ги натера „Галактикоси“ на полна мобилизација. Ни Галата не блеска и двојката е извесна, како и 1+I&1+II.

МАНЧЕСТЕР СИТИ

АТАЛАНТА

Манчестер Сити со сигурен чекор гази кон освојување на првото место во групата. Аталанта  го плаќа данокот на неискуството и единствено прашање кое се поставува е дали таа ќе изгуби со 3+ и со барем еден постигнат гол. Веруваме дека ќе биде така.

ЈУВЕНТУС

ЛОКОМОТИВА МОСКВА

Победата во Леверкузен потврди дека Локомотива е екипа за респект, но Јуве е на повисок ранг од московјаните, еден од кандидатите за освојување на ЛШ и со руските клубови има скор од 5-1-0. Кецот е „бетониран“, а размислете и за 1-1 и ДП 11.

ОЛИМПИЈАКОС

БАЕРН

„Баварците“ врзаа четири натпревари со ГГ во сите натпреварувања, на последните четири во ЛШ имаше и 3+ голови, додека Олимпијакос последните пет порази во ЛШ ги забележа со два или повеќе примени голови. Играјте голеада, а за похрабрите нека стават двојка на тикет.

КОПА ЛИБЕРТАДОРЕС – Полуфинале (реванш)

БОКА ЈУНИОРС

РИВЕР ПЛЕЈТ

Три недели после првиот меч од полуфиналето на „Монументал“ популарното Суперкласико ќе се игра на „Бонбоњера“ каде Бока ќе се обиде да ја надополни предноста на Ривер од 2:0. Чудо и одмазда. Тоа го посакуваат навивачите на Бока. Но тоа е ѓаволски тешка мисија… Наши препораки се: 1 и 2-3.