Откако минатата седмица стигна до полуфиналето на ИТФ Фјучерсот во Анталија кој се играше за награден фонд од 15.000 долари, нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа оваа недела ја почна со елиминација уште на стартот.

Откако успешно ги мина квалификациите, Ѓорческа загуби уште во 1. коло на ИТФ Фјучерсот во Истанбул, кој неделава се игра за награден фонд до 25.000 долари. Нашата тенисерка за противник ја доби Русинката Захарова и иако успеа да го освои првиот сет во тај-брејк (7:6), во следните два дозволи Русинката прилично лесно да го реши мечот со 6:4 и 6:2.