По вчерашниот пораз на Арсенал на гостувањето кај Шефилд од 1-0 во рамките на деветото коло во Премиер-лигата, Патрис Евра ги критикуваше фудбалерите на „топчиите“, а посебно Гранит Џака.

„Фановите на Арсенал мора да бидат бесни кога ќе видат Џака како капитен. Тој не е вистински капитен“, изјави Евра.

Во јавноста брзо се огласи и фудбалерот на Арсенал, жестоко одговори на критиките.

„Луѓето премногу зборуваат. Имам големо почитување кон него, беше одличен играч, но ќе мора да внимава што зборува. Тој добро ја познава ситуацијата и не е единствениот кој кажува сра*а, секокаш е истото“, порача Џака.