Агонијата на Арсенал продолжи на гостувањето кај Шефилд каде беше поразен со 1-0. Лондонскиот тим оваа сезона не воодушевува, а „сол на раната“ додаде некогашниот ривал од Манчестер Јунајтед, Патрис Евра.

„Кога играв против Арсенал, секогаш знаев дека ќе победиме. Ништо не се промени ниту денеска.

Фановите на Арсенал мора да бидат бесни кога ќе видат Џака како капитен. Тој не е вистински капитен“, изјави Евра.

Арсенал петти во премиер-лигата со 15 бода, на два бода од првите четири место, но со десет освоени бодови зад лидерот Ливерпул.