Којзнае што ќе се случеше ако Вардар првиот меч од сезонава на домашен терен го играше на „Арената“ наместо во ФФМ? Уште во првото коло Вардарци беа поразени од Македонија ЃП на теренот на ФФМ, и тоа е засега единствениот пораз на „црвено-црните“, и единствените два примени гола.

Ако тогаш некој се сомневаше во квалитетот на најтрофејниот тим, сега веќе нема потреба. Затоа што кога се врати на „Арената“, Вардар едноставно гази. Пет победи од исто толку натпревари, и ниту еден примен гол на „Тодор Проески“.

Попладнево на „Арената“ падна и Борец. Вардарци триумфираа со 2:0, и останаа на исто бодови со сега водечката Академија Пандев.

Еве како изгледаше мечот низ фотографии: