МЗТ Скопје и натаму е без пораз сезонава. Македонскиот првак дојде до четвртата победа во низа во АБА2-лигата и осмна на врвот на табелата. Нова „жртва“ на тимот од Аердром беше директниот конкурент за првото место Борац, кој беше совладан со 76-69.

Тренерот на македонскиот првак, Ѓорѓи Кочов не е задоволен од играта, неговите кошаркари направиле низа пропусти кои мора да се поправат доколку сакаат да останат на истото ниво.

„Им честитам на моите играчи за победата. Среќен сум што триумфиравме, но сум незадоволен од играта. Имавме пропусти, ни останува утре да ја гледаме оваа средба, да анализираме и да ги поправиме грешките. Игравме без идеја, направивме почетнички грешки при примопредавање на топката, но најважен сепак е победничкиот конечен исход. Ако нешто треба да се пофали, првпат натскокуваме некоја екипа, и тоа со 18 скокови повеќе од противникот.”