Шон Левери реализираше хет-трик за Линфилд во убедливата победа над Воренпоинт таун со 7:0 во Премиер лигата на Северна Ирска. А еден од трите гола беше ептен мангупски. Репрезентативецот на Северна Ирска се најде во нападот, гостинскиот голман киксираше, а потоа напаѓачот на Линфилд со петица ја погоди мрежата.