МЗТ Скопје продолжи во победнички ритам, на домашен терен ја забележа четвртата победа во низа во АБА2-лига откако го совлада директниот конкурент Борац со 76-69 (18-11, 20-28, 19-22, 19-18).

Со овој триумф тимот од Аеродром осмна на врвот на табелата со перфектен скор.

Капитенот Дамјан Стојановски со 16 поени и 7 скока беше прв стрелец, еден поен помалку имаше Хиндс, 14 поени запиша Омот. На другата страна Џонс имаше 22 поени.

Избраниците на Ѓорѓи Кочов одиграа меч со доста падови и подеми, но во одлучувачките моменти добро знаеја што сакаат, на крајот заслужено се радуваа.

Кошаркарите на македонскиот првак добро одиграа во првата четвртина, имаа водство од 17-11. Во 15. минута, МЗТ Скопје стигна до двоцифрена позитива 34-24, но потоа следеа минути на криза. Противникот со серија од 12-2, не само што ја вратија неизвеноста, по подолго време го вратија водството, на минута и пол до одморот беше 34-36.

Борац и на полувремето имаше минимални 38-39. Сето ова беше најава за неизвесен дуел.

Македонскиот првак одигра уште една променлива четвртина, брзо се врати во ритам, во 25. минута имаше плус шест (49-43), па забележа нов пад. Гостите по вторпат на мечот поведоа со двоцифрена разлика (51-61). Крстевски и Стојановски брзо со шест поени не дозволија Борац да го наметне своето темпо.

Хиндс, Омот, Стојановски и Крстевски за пет минути направија серија од 13-2 и го отворија патот кон триумфот. „Сино-белите“ не дозволија нов кам-бек на противникот за четвртти триумф во низа.