После катастрофата во Киев и поразот од 8:0, денеска на реваншот младата екипа на Шкендија, одигра 2:2 против Динамо, и со вкупни 10:2 е елиминирана од младинската ЛШ (шампионски пат).

Тетовскиот тим денеска бил далеку подобар од првиот меч, и први дојдоа до водство во 29. минута.

Сепак, нововлезениот Амзаи во 52. минута си постигна автогол, а украинскиот тим поведе во 90. минута од пенал преку Волошин. Во 93. минута досуден удар од 11. метри за тетовскиот тим. Реџепи го промашува, противничкиот голман го брани, но на топката налетува Спахиу, и стрела во мрежата за конечни 2:2.