Интер дојде до првиот триумф оваа сезона во ЛШ, совладувајќи го денеска тимот на Борусија Дортмунд со 2:0 на „Џузепе Меаца“. Интер имаше водство по првиот дел со голот на Мартинез. „Милионерите“ се разбудија, па имаа неколку прилики во вториот дел, а кога не успеаја да израмнат, беше досуден пенал за Интер кој не го реализираше Мартинез (Бурки го одбрани). Меѓутоа Кандрева пред самиот крај успеа да погоди и да ја запечати победата.
Барселона победи во Прага против Славија 1:2, и со тоа направи голем чекор кон следната фаза. Меси погоди во првиот дел, потоа Славија израмни, а автоголот ја спаси Барса и донесе победа за шпанскиот тим.
Ливерпл немаше проблеми со Генк и победи 1:4 со два гола на Чемберлејн, и по еден на Салах и Мане. Во истата група, Наполи со 2:3 победи против Салцбург со двата гола на Мертенс и еден на Инсиње. Чудесниот Халанд два пати погодуваше за Салцбург, и два пати успеваше да израмни, но не и да го спаси совојот тим од пораз.
Лил и Валенсија одиграа 1:1. Французите во последните мигови постигнаа гол за израмнување, а Бенфика во судиското надополнување стигна до победа над Лион 2:1.
https://www.sofascore.com/tournament/football/europe/uefa-champions-league/7