Неколку часа откако официјално беше објавен новиот датум за првото сезонско „Ел Класико“ меѓу Барселона и Реал Мадрид, Ла Лига објави дека има намера да ја тужи Шпанската фудбалска федерација за денешната одлука. Таа беше донесена со 2-1 во гласови и е спротивна од ставот на лигата.

„Ла Лига не може да се согласи со одлуката на комитетот да го одобри датумот 18 декември, по постигнувањето договор меѓу Барселона и Реал Мадрид. И покрај забелешките на Ла Лига за датумот на кој треба да се одигра „Ел Класико“, одлуката е донесена спротивно од начелата. Ова е направено со цел да се процени можното правно дејствие и кон кого треба да се насочи“, се вели во официјалното соопштение на лигата.

Ла Лига бараше Ел Класико да се одигра на 7 декември, затоа што на 18 декември коло во Купот на Шпанија.