Втора доза натпревари од 3.коло во Лига Европа и нови интересни натпревари.

Арсенал беше на прагот да се посрамоти во дуелот со португалска Виторија Гимараеш, но во финишот на мечот извлече победа. Португалците двапати водеа, но „топчиите“ со головите на Пепе во 80. и во 93. минута направија пресврт и победија со 3:2.

И Селтик губеше по првото полувреме во дуелот со Лацио на свој терен. Лазари го доведе Лацио во предност, а шкотскиот шампион изедначи во 67. минута со голот на Кристи, а во 89 минута Жулиен ја обезбеди победата.

Да ја споменеме победата на Базел на гости кај Хетафе со 1:0 со голот на Фабијан Фрај.

Романски Клуж го победи Рен со 1:0 во гости. Французите имаа играч помачку од петтата минута, а во 28 минута промашија и пенал. На стартот на вториот дел останаа со уште еден играч помалку, па поразот беше очигледен. Клуж поведе во 9 минута со голот на Деак и тој се покажа како клучен. „Железничарите“ ја остварија втората победа во групата.

Руски Краснодар ги однесе бодовите од Трабзон. Победи со 2:0 со двата гола во второто полувреме.