Македонскиот карате репрезентативец Бојан Костов е освојувач на бронзен медал на Светското првенство за кадети јуниори и помлади јуниори кое се одржува во Чиле.

Во дуелот за бронениот медал Костов го победи Русинот Ахмед Ахмедов.

Костов со четири победи стигна до полуфиналето, кое го загуби од Саед Ал Наџар од Обединетите Арапски Емирати по судиско изјаснување.