Лука Дончиќ постигна 34 поени во првиот сезонски меч. Репрезентативецот на Словенија блескаше во победата на Далас против Вашингтон (108-100) и влезе во историјата на НБА-лигата.

Дончиќ на 20 години постана најдобриот стрелец на отварањето на сезоната во најсилното светско клупско натпреварување. Покрај 34. поени тој имаше 12/19 од игра, а погоди и четири тројки од девет обиди. Фановите за добрата партија со наградија скандирајќи „МВП, МВП“.