Необјасниво слабо второ полувреме на Реал Мадрид резултираше со пораз на гостувањето кај Анадолу Ефес во 4. коло на Евролигата. „Кралевите“ имаа лоша прва четвртина, но благодарение на втората поведе со 31:29 и кога се чинеше дека мадриѓаните воспоставија рамнотежа им се случи фијаско. Турскиот тим тотално издоминира во следните две четвртини и го победи големиот ривал со 76:60. Крунослав Симон кој имаше само два поени во првото полувреме, буквално „експлодира“ во вториот дел, а покрај него се разигра и Брајант Данстон за кои „кралевите“ немаа одговор.

Симон и Данстон дадоа по 17 поени, а Крис Синглтон постигна 13. Кај Реал Серхио Љуљ даде 14, а Габриел Дек 10.

Реал има скор од две победи и два порази, додека Ефес е при врвот со три победи и еден пораз.