Кошаркарите на Црвена Звезда одлично го почнаа мечот против Барселона на домашен паркет во четвртото коло на Евролигата, а потоа потонаа. Иако имаа голема шанса да го турнат големиот ривал кој дојде без неколку првотимци поради повреда.

Звезда водеше со 36:33 по првото полувреме, а во второто тотално се изгуби.  На крајот Барса победи со 73:65.

Баерн изгуби дома во дуелот со Химки (74:87), а Макаби Тел Авив ја совлада Валенсија на свој терен со 76:63. Во дербито на колото Ефес го победи Реал Мадрид (76:60), додека Зенит во Санкт Петербург изгуби од Панатинаикос (79:89).