Многу бура се дигна кај нашиот северен сосед по изјавата на Ненад Ковачевиќ, поранешен капитен на Црвена Звезда. Тој беше брутално искрен и за еден од тамошните медиуми буквално го кажа следното…

„Од стартот на било која сезона, значи од август до декември, во нашата земја се игра релативно чесно. Кој е подобар тој победува. Но од декември, па до крајот на секоја сезона верувајте дека сè е наместено. Почнувајќи од младите лиги, па до третите лиги, а најмногу во Втората и во Првата лига. Сè се знае однапред, уште пред стартот на натпреварите се знае исходот“ дециден е Ковачевиќ.

Инаку тој имаше настапи и за репрезентацијата на Србија.