Дебакл на нашата футсал селекција во првиот меч од претквалификациската група за СП. Македонија вечерва во „Јане Сандански“ беше поразена од Словенија со 1:6. Словенците беа пресилни, а од момците на селекторот Иван Божовиќ секако дека се очекуваше далеку повеќе.

А се почна добро за нашата репрезентација. Македонија, откако имаше неколку добри акции, успеа да поведе во 7.минута и тоа со голот на Мицевски. Тоа водство го одржувавме речиси 5-6 минути, но потоа Словенците со головите на Осредкар и Зајц, во 12. и 13.минута го свртеа резултатот во своја корист. До крајот на полувремето се обидовме да израмниме, но сепак на пауза се замина со тие 1:2 за Словенија. Во вториот дел Словенија само го зголемуваше водството, прво преку Чујец а потоа и преку Фидершек и во таа 23 минута веќе беше 1:4. Следуваа два гола на Чех од пенал за 1:6.

Шансата за првата победа во групата, ќе мораме да ја бараме утре, кога се среќаваме со селекцијата на Косово. Додека Словенија игра против Украина.

 

МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА 1:6 (1:2)

Арена „Јане Сандански“ во Скопје. Судија: Герд Бајлоис (Белгија).
Стрелци: Мицевски 07., (МАК), Осредкар 12.,Зајц 13., Чујец 21., Фидершек 23., Чех (п) 30., (п) 33., (СЛО).
Ж.Картони: Крстевски, Агуши (МАК), Чех (СЛО).

МАКЕДОНИЈА: Петровски, Левески, Мицевски, Зибери, Глигоров, Стојановски, Исмаили, Крстевски, Цека, Сулејман, Агуши, Рамадан, Дандан, Арсовски.

СЛОВЕНИЈА: Пушкар, Мордеј, Чујец, Осредкар, Фетиќ, Ловренчиќ, Хозјан, Зајц, Корен, Турк, Буковец, Душчак, Чех, Фидершек.

ГРУПА – 2

РЕЗУЛТАТИ 1.КОЛО

УКРАИНА – КОСОВО 7:1

МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА 1:6

ТАБЕЛА

  1. УКРАИНА 3
  2. СЛОВЕНИЈА 3
  3. МАКЕДОНИЈА 0
  4. КОСОВО 0

ДВОЈКИ ЗА 2.КОЛО (25.10.2019)

МАКЕДОНИЈА – КОСОВО (17:30 Ч)

СЛОВЕНИЈА – УКРАИНА (20:00 Ч)