Ривер Плата го издржа притисокот на „Бомбоњера“ и иако изгуби со 1:0 се пласира во финалето на Копа Либертадорес благодарение на победата со 2:0 на првиот меч на домашен терен. А по завршувањето на полуфиналниот меч додека Ривер славеше еден човек од обезбедувањето вработен на стадионот на Бока им се придружи на играчите на Ривер во славењето. Очигледно се работи за навивач на популарните „милионери“, а откако во Бока виделе што работи нивниот вработен веднаш го отпуштиле, пренесоа аргентинските медиуми.