Комедија пред почетокот на мечот помеѓу Партизан и Манчестер Јунајтед во Лигата на Европа. Капитените пред почетокот на мечот бираа страна, а голманот на Партизан ја чекаше паричката, додека капитенот на Јунајтед Хари Мегваер го немаше. Судијата со поглед го бараше по теренот, а кога го најде му крена рака и го повика да дојде и да си ја заврши работата.