Голманот на Барселона Марк Андре Тер-Штеген после натпреварот во Прага, во кој неговата Барселона „тесно“ ја совлада Славија со 1:2, беше лут на своите соиграчи поради новата слаба партија во ЛШ. Славија во финишот беше блиску да дојде до гол и до изненадување, но шансата пропадна.

„Ќе мораме да си кажеме многу работи, но меѓу себе. Тука нема ништо да зборувам, но некои работи треба да се поправат. Ни дадоа гол од првата шанса во второто полувреме. Тоа не смее да се случува, практично ме оставија сам“, рече Тер-Штеген.