Академија Пандев ја победи Македонија ЃП со 4:0, одигра супериорно, требаше таа разлика да биде уште поголема, но и тие четири голови покажаа дека струмичани не се шегуваат. Лидери се, од меч во меч играат се подобро. Сепак, како што беше случај и со „лавовите“, вистинско „злато“ на тимот е играчот за врска Ѓорѓи Стоилов. Тој вчера беше на граница на перфектност за наши услови. Покрај него во тимот на колото се и Дориев и одново Маслаќ. Струга ТЛ победи на крилјата на својата одбрана, на голманот Ѓуриќ кој спаси неколку зицери на Ренова, и Драгарски го постигна победничкиот гол. Од Вардар тука е Аврамовски, од Шкупи пак Исени и Серџио. Шкендија конечно одигра на своето ниво, Фелипе постигна фантастичен гол, Агим Ибраими како од шега делеше асистенции а Бејтулаи по обичај стамен во одбраната.

ИГРАЧ НА КОЛОТО

ЃОРЃИ СТОИЛОВ

Тим: А. Пандев

Роден: 25.08.1990

Кариера: Хоризонт Т, А.Пандев