Со натпреварот меѓу Весна Пробиштип и Универзитет во Тетово, вечерва во 20 часот почнува 28-от машки одбојкарски шампионат на Македонија.

Годинава, две екипи се издвојуваат според квалитетот, а другите ќе се обидат да парираат и да одат што повисоко на табелата. Во елитата се враќа поранешниот шампион Шкендија, но го нема ланскиот финалист Шутова, која реши да не се натпреварува во Првата машка одбојкарска лига.

Девет екипи ќе учествуваат во трката во претстојната сезона, а Вардар и Џио Струмица го носат епитетот – фаворити.

Во есенскиот дел од сезоната ќе има девет кола, односно секоја екипа ќе одигра по осум натпревари. Најдобрите шест напролет ќе продолжат во Првата фаза – 1 во која што ќе се игра според принципот „секој со секого, дома и на гости”, што значи дека ќе има десет кола. Најдобрите четири ќе влезат во разигрувањето. Екипите што ќе завршат од седмото до деветтото место есенва, во Втората фаза – 2 ќе одиграат четири круга, односно по осум натпревари, по што ќе биде одреден нивниот конечен пласман.

ДВОЈКИ – 1. КОЛО

Весна Пробиштип – Универзитет во Тетово (петок, 20.00)

Шкендија – Дибра волеј (сабота 15.00)

УГД Студент – Џио Струмица (сабота 16.00)

Лирија – Вардар (понеделник, 19.00)

Во првото коло слободна е екипата на ГОК Борец