Машката шаховска репрезентација на Македонија и вторпат одигра нерешено на европското тимско првенство во Батуми, Грузија. По вчерашните 2:2 со Германија, шахистите со истиот резултат го завршија и денешниот дуел од 2. коло против селекцијата на Израел.

Победи за Македонија обезбедија Георгиев на првата и Николовски на четвртата табла. Интересно, нашиот интермајстор Николовски во две кола има две победи и засега е најдобриот во нашиот репрезентативен состав. Со 4 освоени бода, Македонија по две кола е на делба на 18. место.

Во женска конкуренција и денеска претрпевме пораз. Против  Словенките, нашите шахисти освоија само еден бод и загубија со 3:1. Моника Стојковска победи на првата табла, додека порази претрпеа Бејатовиќ, Манова и Коскоска.

Дамите по 2 кола се последни со 1,5 бод.

Утре во 3. коло, шахистите ќе ги одмерат силите со Србија, додека дамите за противник ја имаат Норвешка.