Македонскиот репрезентативец и чуварот на мрежата на Еурофарм Работник, Никола Митревски, е избран за најдобар голман за октомври во СЕХА-лига.

Митревски до „титулата“ дојде по фантастичното издание во натпреварите одиграни со Веспрем (12 одбрани), Мешков Брест (9 одбрани) и ППД Загреб (5 одбрани).

Митревски досега има вкупно 48 интервенции во Регионалното натпреварување и тоа е причина плус што се најде на лидерската позиција кај голманите.