По Трент Александер-Арнолд и Фил Фоден си заработи место во Гинисовата книга на рекорди. Во новото издание кое се подготвува за 2020 година, фудбалерот на Манчестер Сити ќе се најде како најмлад играч кој успеал да ја освои Премиерлигата.

Во мај 2018 година, на возраст од 17 години и 350 дена, младиот фудбалер на Сити го симна од тронот на оваа листа поранешниот лев бек на Сити и Арсенал, Гаел Клиши и успеа да го преземе рекордот кога во последниот ден од сезоната влезе како замена против Саутемптон и успеа да помогне во освојувањето на титулата за „граѓаните“.