Шарлот Хорнетс потврди дека Николас Батум ќе пропушти најмалку две до три недели од стартот на новата НБА сезона, откако се здоби со фрактура на третиот прст на левата рака.

30-годишниот француски репрезентативец беше подложен на магнетна резонанца откако се повреди на отворањето на новата сезона. Батум одигра само 11 минути во средата, запишувајќи четири скока и две асистенции, а мораше да седне на клупата во третата четвртина.

Оваа сезона е последната загарантирана година од петгодишниот договор на Батум со Шарлот вреден 120 милиони долари.