Баерн Минхен е принуден во јануари да купува дефанзивни играчи со оглед на тоа дека по повредите на Никлас Зиле и Лукас Хернандез, Нико Ковач има проблеми со одбранбената линија.

Желбата на тимот од Минхен е 22-годишниот фудбалер на Атлетик Билбао, Унаи Нунез, со кого веќе стапиле во контакт.

Шпанскиот репрезентативец има договор со Атлетик, но и клаузула дека може да го напушти клубот за 30 милиони евра.