Италијанските медиуми денеска објавија дека Џенаро Гатузо, наводно, се врати на радарот на Лацио, бидејќи Симоне Инзаги се наоѓа под сериозен  притисок да го напушти кормилото на тимот.

Лацио го претрпе четвртиот пораз сезонава, откако синоќа беше поразен со 2-1 од Селтик во Лигата на Европа. Сега, Инзаги дополнително го зголеми притисокот врз себе, откако и во Лигата на Европа не успева да ги исполни очекувањата на клубот и навивачите.

Според „Тутомеркато“,  Гатузо од поодамна е интересен за „лацијалите“, а сега повторно се појавува како главен кандидат за замена на 43-годишниот стратег на „лацијалите“.