Слободниот агент Џек Родвел денеска треба да пристигне во Рим за да ги помине лекарските прегледи и да потпише за екипата на Рома. Веста уште вчера ја потврдија клупски извори од Рим за италијанските медиуми.

Поранешниот играч од средниот ред на Блекбурн се очекува да пристигне во клиниката Вила Стујарт претпладнево.

Ако успешно ги мине прегледите, во рок од неколку дена ќе го облече и дресот на Рома и ќе може да настапува за клубот до крајот на сезоната. Според „Кориере дело Спорт“, Родвел веќе бил во градот и бил на трибините на „Стадио Олимпико“.

„Волчицата“ е во огромна криза со повреди, откако надвор од тимот останаа Брајан Кристанте, Лоренцо Пелегрини, Никола Калиниќ, Хенрик Мхитарјан, Џенгиз Ундер, Амаду Дијавара и Давиде Запакоста.