УЕФА ја казни Фудбалската федерација на Франција со 20.000 евра за погрешна химна во квалификацискиот меч за ЕУРО 2020.

Французите во Париз наместо химната на Албанија, ја пуштија на Андора, која албанските репрезентативци иако збунети учтливо ја ислушаа до крај, но од трибините имаше исвиркувања и извици. За ситуацијата да добие уште посрамен интензитет беше извинувањето на официјалниот спикер до навивачите на Ерменија за грешната химна.

Поради ваквиот организациски пропуст мечот почна со задоцнување од десетина минути, а по натпреварот и францускиот претседател Емануел Макрон јавно и се извина на Албанија.

УЕФА донесе одлука ваквиот несфатлив организациски кикс да го казни парично.